| четврток, 6 декември 2018 |

Најшокантните моменти на МТВ музичките награди (фото)

mtv

Вчера се одржа доделувањето на МТВ видео музичките награди, кој повторно го одбележаа скандали и шокантни моменти.
Сосема очекувано, Кање Вест годинава доби награда за животно дело, а публиката успеа да ја шокира со својот говор, во кој призна дека испушил џоинт пред да се качи на сцената, и најави дека ќе се кандидира за претседател на САД во 2020 година.


Популарната раперка Ники Минаж го искористи моментот кога се качи на сцената да ја прими наградата за најдобро хип-хоп видео за да и се одмазди на водителката на наградите – Мајли Сајрус. Имено, Мајли во неодамнешното интервју не упатила баш убави зборови за својата колешка, а Ники затоа пред сите ја нарече „кучка“.
„Оваа „кучка“ имаше многу што да каже за мене во медиумите пред неколку дена. Мајли, што има? – рекла Ники.

Младиот пејач Џастин Бибер обично не е емотивен на своите јавни настапи, но синоќа не можеше да се воздржи, па заплака по својот повратнички настап. Иако важи за разгалена ѕвезда, сега ја покажа својата емотивна страна по овациите на публиката.
Тејлор Свифт и Ники Минаж неодамна се скараа преку Твитер, но сега пред сите сакаа да покажат дека ги разрешиле своите несогласувања. Заедно на сцената го извеле хитот на Тејлор „Bad Blood“ по чија изведба се прегрнале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top