Унгарија бара од Германија да ја разјасни правната ситуација поврзана со движењето на илегалните мигранти во Европска унија, соопшти денеска Владата во Будимпешта.
– Германија последните денови демонстрира попустлив став кон илегалните имигранти кои пристигнуваат од Сирија, што ја зголеми надежта кај мигрантите, а ситуацијата стана нејасна и нетранспарентна – изјави портпаролот на унгарската влада, Андраш Гиро-Сас.
Тој наведе дека според шенгенските правила емигрантите можат да ја напуштат Унгарија само со важечки патни исправи и виза од земјата каде што одат. Унгарските власти постапувајќи во согласност со законите на ЕУ и на Унгарија задржаа поголем број емигранти на железничката станица во Будимпешта.
– За да заврши таквата нетранспарентна и штетна состојба, бараме од Германија да ја разјасни правната ситуација – наведе Гиро-Сас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст