Во светот без луѓе, поголем дел од Европа би бил дом на животни и тоа не само на волци и мечки, туку и на големи животни како што се носорози и слонови. Денес на светот не постојат многу големи цицачи, барем не во толкав број колку порано бидејќи еден вид цицачи влијаеле на нивниот опстанок – луѓето. Сега тим на истражувачи од Данска решиле да направат карта и да покажат како би изгледал светот ако нема луѓе.
Според нивните проценки, Земјата би изгледала како Серенгети, големо подрачје во Танзанија во кое има голем број на разни животински видови.
Во светот без луѓе голем дел од Европа би бил дом на многу животни и тоа не само на волци и мечки, туку и на големи животни како што се носорози и слонови. Северна и Јужна Америка би биле населени со големи цицачи, повеќе од што се населени делови на Африка.
Во претходна студија од универзитетот во Архус, научниците заклучиле дека до изумирање на големите цицачи во текот на последното ледено доба дошло поради ширење на модерниот човек на поголеми пространства. Денес Африка е единствен дом за овие животи. Но, поради ловот кој не е дозволен и таму се загрозени. Многу видови од големите цицачи кои живеат во Европа и Америка морале да се повлечат во планинските делови. Криволовот и ловот многу видови довеле на раб на изумирање, а многу видови се неповратно загубени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст