Австриските власти соопштија дека откриле околу 200 кандидати за азил и уапсиле петмина шверцери на луѓе во нова операција на границата.
– Откако почнавме да ги преземаме мерките за кои се договоривме со Германија, со Унгарија и со Словачка успеавме да спасиме повеќе од 200 бегалци од автомобили, како и да приведеме петмина шверцери – изјави претставник на австриското Министерство за внатрешни работи.
На истата прес-конференција австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер истакна дека преземените мерки на австриската граница не се класична форма на гранична контрола и дека со тоа не се кршат шенгенските правила.
Австриската министерка за внатрешни работи Јоана Микл Лајтнер изјави за ОРФ дека Австрија ја заострила контролата на источните граници откако минатата недела во напуштен камион на автопат беа пронајдени мртви повеќе од 70 емигранти, кои дошле преку Унгарија.
– Донесовме одлука на неопределен период да правиме проверки на сите гранични премини во источниот регион. Ќе бидат проверувани сите возила, кои би можеле да имаат место за криење луѓе.
Австрија на исток се граничи со Унгарија, Словачка, Словенија и со Чешка.
Во изминатите три дена, унгарската полиција фати 8.792 мигранти, кои се обиделе да влезат во Унгарија, главно преку Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст