Никола Младенов, сопственик на „Фокус“ и новинар, немал алкохол во крвта кога загинал во сообраќајна несреќа минатиот вторник , покажува првичниот наод на Судска медицина.
Претходно на Судска медицина беше утврдено дека Младенов починал од нагло кочење, по што при таканаречената состојба „забавување на телото“ и поради ударот во воланот, му пукнала главната аорта.
Од МВР велат дека сè уште се прави техничко вештачење на возилото, пренесе Нова Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


