
Тригодишното девојче Теодора Е. од Скопје и 23-годишниот Горан Ц. од селото Големо Радобил, Прилепско го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа во 20.20 часот се случи на магистралниот пат Прилеп – Градско кај Плетвар.
Во несреќата се повредени уште пет лица, кои се префрлени во Прилепската градска болница и според Основното јавно обвинителство, се со полесни телесни повреди, надвор од животна опасност и веќе се пуштени на домашно лекување.
Прилепскиот јавен обвинител Ристо Шошески потврди дека синоќа се судриле три возила.
– Според првичните сознанија, автомобил „Фолсфаген шаран“ со скопски регистарски таблички, движејќи се од Прилеп кон Градско претекнувал товорно возило „пежо експерт“ со бугарски регистарски таблички. Автомобилот удрил во камион со бугарски регистарски таблички натоварен со дрва. Контактот бил мал, но не можела да се избегне трагедијата, изјави Шошески.
На местото на несреќата од тешките повреди починала тригодишната Теодора, која се возела во автомобилот со скопски регистарски таблички и 23-годишниот Горан Ц, возач на товарното возило со бугарски регистарски таблички. Уште петмина патници од автомобилот се повредени. Тие се префрлени во Прилепската градска болница и, според обвинителот Шошески, имаат лесни повреди и веќе се пуштени на домашно лекување.
Поради тешката сообраќајна несреќа, сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско синоќа беше во прекин повеќе од три часа. Полицијата и обвинителството направија увид, а по обдукцијата на загинатите треба да се утврдат причините за нивната смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


