
Организираниот транспорт на емигрантите од прифатниот пункт кај Гевгелија до Табановце, според процените на сите фактори вклучени во соочувањето со бегалската криза, се одвива во најдобар ред.
Од УНХЦР велат дека кон прифатниот камп во Гевгелија очекуваат во текот на денот постепено да притигнуваат емигранти од поголема група од околу 7.000 лица, кои се упатиле кон македонско-грчката граница.
За време на викендот емигрантите се превезуваа само со воз од платформата во Гевгелија до Табановце. Кон границата со Србија и денеска тие заминуваат по железнички пат со редовните и специјалните возови. Според информациите од железничка станица во Гевгелија, изминативе дванаесет часа кон Табановце заминале 1.500 емигранти, а пред малку кон северната граница замина уште еден специјален воз со околу 1.000 емигранти.
Оваа бројка се вклопува и со процените на меѓународниот Црвен крст, чиишто активисти велат дека околу 1.600 мигранти до утрово се упатиле од Гевгелија кон Табановце. Бројот на здравствените интервенции е во рамките на нормала, од 40 до 50 на ден, информираа од Црвениот крст, нагласувајќи дека викендов биле поделени и 2.000 пакети со храна и со вода.
Претставниците на УНХЦР оперираат со бројка од околу 3.000 емигранти, кои изминативе 24 часа заминале од јужната кон северната граница. Според нив, состојбата на границата е нормална, а прифатниот пункт за емигрантите функционира во најдобар ред. Во последниот бран бегалци што пристигнале во Гевгелија најмногу имало бегалците од Авганистан и од Пакистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


