
Двесет и четиричасовната голгота на двајцата скопјани, кои заталкаа на планината Бистра, утрово заврши со среќен епилог. Заскитаните, утрово ги пронашла полициска патрола што трагала по нив.
Двете лица, еден на 35-годишна возраст и другиот на 29 години, кои вчера попладне се загубија на падините на Бистра, веќе се на безбедно и закрепнуваат. Преморени, без опрема и оскудно облечени, ноќта ја поминале под отворено небо. Според СВР Тетово, утринава околу 8 часот, патрола на полициското одделение Ростуше ги забележала во близина на месноста Сенечки ливади под врвот Меденица, по што биле преземени со возило.
Драмата на двајцата скопјани почна вчера попладне кога по телефон побарале помош. Тие, најверојатно, загубиле ориентација и заталкале по падините на планината Бистра и не можеле да го најдат патот за враќање. По безупешните обиди да се лоцираат синоќа, потрагата продолжила утрово, по што двајцата авантуристи се пронајдени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


