| четврток, 6 декември 2018 |

Тригодишно девојче и 23-годишно момче се жртвите во синоќешната сообраќајка на Плетвар

policija

Тригодишно девојче од Скопје и дваесет и тригодишен прилепчанец загинаа, а една жена е повредена во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Плетвар.

Според официјални информации од Министерството за внатрешни работи, во сообраќајната несреќа учествувале три возила, автомобил „шаран“ со скопски регистарски ознаки, комби „пежо експерт“ со бугарски регистарски ознаки и камион „МАН“ со битолски регистарски ознаки.

Тригодишното девојче, кое било сопатничка во автомобилот „шаран“, и возачот на комбито, дваесет и тригодишниот Горан Ц. од Прилеп, загинале на самото место, а уште една жена, за која сè уште нема информации колку години има и во кое возило се наоѓала, е повредена и пренесена во прилепската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top