| четврток, 6 декември 2018 |

Земан: Бегалците можат да донесат болести, тероризам и гета

Milos-Zeman_3095113bСпоред чешкиот претседател Милош Земан примањето на бегалци од Блискиот Исток и од Северна Африка во Чешката Република носи со себе три големи ризици – ширење на заразни болести, тероризам на Исламска држава и создавање на нови гета.  Тој предупреди дека со мигантите во Чешка можат да влезат келии на ИД, нивните „агенти спијачи“ кои подоцна би можеле да се активираат и да извршат напади како тие во Париз, во Лондон или во Мадрид.

Земан наведе дека поголемиот број бегалци се „економски мигранти“, а не тие кои навистина бегаат од војната, оценувајќи дека тие во Чешка не сакаат да работат, а во земјата ќе внесат заразни болести и ќе предизвикаат создавања на гета.

– Тие поради културните разлики нема да можат да се прилагодат, посочи Земан.

Чешкиот претседател мигрантите ги подели во три категории – едната ја сочиннуваат околу 15.000 луѓе кои чешката Влада се согласи да ги прифати во следните две години, додека другите во земјата претстојуваат нелегално и тие треба да се вратат бидејќи ги кршат чешките закони, а не да се градат прифатни центри.

Земан истакна и дека кога Германија ќе престане да ги прифаќа мигрантите тогаш тие ќе останат во Чешка, која сама ќе мора да ги брани границите ангажирајќи ја и војската покрај полицијата, ако се покаже дека  не функционира европската заштита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top