
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска го прославува својот 45 роденден. Тој е роден во 1970 година во Скопје.
Неговиот татко Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор во Шумарскиот факултет на Скопскиот университет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра е на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков.
Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола (1994), по што работи во банкарскиот сектор. Се здобил и со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност (1996). Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (12. XII 2006). Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонска берза.
Премиер на Македонија е од 27 август 2006 година. Деновиве тој одбележа и девет години премиерски мандат. Груевски е во брак со Боркица од 2007 година, со која има две ќерки, Анастасија и Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


