
Кандидатот за номинација од Републиканската партија на претседателските избори во САД Доналд Трамп не престанува да ја шокира јавноста со изјави, откако ја објави номинацијата за претседателските избори.
Аналитичарите неговите постапки ги споредуваат со модерните популистички движења кои во Европа успеаја да ги потиснат од сцената партиите кои владееја со децении.
Во текот на предизборната кампања, овој милијардер изјави нешто што ги насмеа дури и тие кои не го поднесуваат. На младите поддржувачи на Републиканската партија во Ајова им пружи можност да се повозат со неговиот хеликоптер.
Кога влегол во хеликоптерот со три деца, едно од нив му поставило прашање кое не го очекувал.
Русокос Бетмен
– Господине Трамп, дали вие сте Бетмен? – прашал 9 годишниот Вилијам Бауман.
Милијардерот не се збунил, па одговорил: – Да, јас сум Бетмен.
Нивниот разговор се појави на социјалните мрежи, а потоа го пренесоа и американските медиуми, со коментарот дека и Трамп понекогаш може да биде симпатичен.
Наспроти скандалозните изјави во неговата кампања, Трамп според последните анкети, го намали заостанувањето во однос на демократската кандидатка Хилари Клинтон, на само 6 отсто, од 16 отсто, колку што беше разликата во јули.
Трамп се искачи на чело на пописот на потенцијалните републикански кандидати, а во јули го надмина и најголемиот противник Јеб Буш.
Контроверзниот милијардер три пати најавуваше дека ќе се вклучи во претседателската трка.
Конечно во 69-тата година, изненадувајќи ги дури и своите пријатели, се одлучи на тој чекор.
Аналитичарите, поддршката на Трамп ја толкуваат како израз на спротивставување на поредокот, а не како одобрување на неговата идеологија. Американците изгледа се заштитија од политичките расправии, кланови по политичките династии како Џорџ В. Буш и Бил Клинтон и системот според кој високите луѓе во политиката ветуваат работи кои не се во состојба да ги исполнат.
Политичкиот аналитичар Конор Фредерсдорф наведе два вида на луѓе кои го поддржуваат Трамп: тие кои искрено веруваат дека тој е најдобар избор да ја води Америка и тие кои се воодушевени од неговиот вртоглав успех.
Европската сцена
Политичката комедија и популизмот доживеаја успех на европската сцена. Движењето Пет ѕвезди кое го основа и води комичарот Бепе Гриљо, оствари успех на антиполитичкото расположение.
Овој поет и народен револуционер го тресе политичкиот врв на Италија, со барање за укинување на еврото и излез од еврозоната во Италија, која никогаш не била посиромашна од времето на Втората светска војна, а во која дури и регионот Венето се обидуваше да се отцепи од Рим, во март минатата година, со 90 процентен излез на гласачите на виртуелен референдум. Гриљо многумина го сметаат за барометар на кризата, громобран кој собира гласови на луѓето кои протестираат.
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони минатиот месец беше прогласен за виновен и е осуден на три години затвор поради подмитување на еден сенатор во 2006 година, во обид да ја сруши тогашната влада на левиот центар.
Медиумскиот тајкун Берлускони беше вовлечен во серија судски процеси, а претходно оваа година поради затајување на данок, отслужи едногодишна казна со вршење на општествено-корисна работа. Последно во низата на скандалите на Берлускони е изјавата дека рускиот претседател Владимир Путин му предложил да стане министер по економија во руската Влада и му понудил руско државјанство.
– Во Италија сум турнат на маргините на настаните, а Путин рече дека е подготвен да ми даде државјанство и да ми го довери Министерството за економија – рече Берлускони.
Портпаролката на Берлускони подоцна изјави дека нејзиниот шеф се шегувал кога го кажал тоа, а портпаролот на Путин објаснил дека рускиот претседател не мислел на работа кога на пријателот од Италија му понудил поддршка.
Антимигрантска реторика
Аналитичарите, феноменот на Берлускони и Трамп го поврзуваат со појавите во многу европски демократии. Партиите на десниот и левиот центар, кои доминираа со европската сцена во изминатите децении, ја губат битката пред новите политички движења. Заедничко кај тие движења е тоа дека успеаја да го вклопат популизмот и национализмот во борбата против владејачките европски системи.
Тешката економска состојба во Европа поттикна подем на десетици нови партии. Во контекст на континуираното слабеење на социјалната заштита и неприлагодливоста на лабуристите како носители на алтернативната политика, се поголем број гласачи заштита бараат во УКИП, партија која како одговор нуди уште поголема либерална економска политика, во комбинација со антимигрантска реторика. Лидерот на УКИП Најџел Фараж, грижливо го одржува имиџот на директен човек од народот.
Десничарската Данска народна партија стана втора најголема партија во таа земја, така што ја комбинираше антимиграциската политика со преданоста да ги заштити социјалните програми кои служат на домашните Данци. Во соседна Шведска демократите се обидуваат да направат сличен подвиг. Францускиот Национален фронт бележи раст наспроти постојаните внатрепартиски судири. Нај успешните левичарски популистички движења во јужна Европа, Подемос во Шпанија, Движењето со пет ѕвезди во Италија и Сириза во Грција, еднакво агресивно го искажуваат анти-естаблишмент однесувањето како и десничарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


