
Многу векови Европа беше континент зафатена со војни, глад и сиромаштија. Милиони Европејци беа принудени да емигрираат заради економска и социјална депривација. Тие отпловуваа преку Атланткот во Северна и Јужна Америка, и на далечни места како што е Австралија, за да избегаат од сиромаштијата и да бараат подобар живот за себе и за своите деца.
Сите тие беа, во контекст на сегашните емигарациски и бегалски дебати, „економски емигранти“. За време на 20-иот век, расните казнувања, политичките тортури и дивеењето на двете светски војни станаа доминантни причини за заминување.
Денес, Европската унија е еден од најбогатите економски региони во светот. Со децении огромен број Европејци живееја во мирни демократски држави, кои им ги овозможуваа нивните фундаментални права. Сирмоаштијата и миграциите во Европа беа подзаборавени (ако не и сосема заборавени) во сеќавањата.
Но сепак, многу Европејци се чувствуваат повторно загрозени од бегалци и имигранти – од најсиромашните меѓу сиромашните. Иако стотици луѓе на бродови се удавија во Медитеранот годинава, гласовите се подигаат скоро од сите агли на Европа, 26 години по падот на Железната завеса, и повикуваат на изолација, масовни депортирања и изградба на нови ѕидови и огради. Низ цела Европа, ксенофобијата и отворениот расизам дивеат, а националистите, дури и крајно десните партии, го освојуваат теренот.
Истовремено, ова е само почеток на кризата затоа што условите кои ги тераат луѓето да бегаат од своите домови, само се влошуваат. А во ЕУ, мнозина од оние членки кои имаат најголеми и најдобро опремени социјални системи, изгледа дека се затекнати – политички, морално и админстративно.

Оваа парализа создава голем ризик за ЕУ. Никој сериозно не верува дека одделни земји членки – посебно Италија и Грција, двете земји кои се најзасегнати – може да ги надминат долгорочните предизвици кои ги наметнува имиграцијата од голем обем. Но многу земји членки ги одбиваат заедничките европски обиди, став кој се заканува да ја засили корозијата на солидарноста во рамките на самата ЕУ и да ги засили сегашните трендови за дезинеграција.
Постојат три посебни причини за сегашната миграција во Европа. Продолжената економска нестабилност на Западен Балкан; превирањата на Блискиот исток; и граѓанските војни и конфликти во Африка. Интензивирање и проширувањето на војната во Источна Украина брзо ќе се придодаде како четврта причина за бегства.

Со други зборови, сета миграција со која Европа во моментов се соочува, е вкоренета во длабоки кризи во нејзиното соседство. Но сепак, ЕУ може многу малку да стори за да реши некои од нив. Јасно е дека ЕУ мора сопстанцијално да ја засили својата Заедничка надворешна и безбедносна политика, вклучувајќи ја и Еврпската соседска политика, со цел да ги реши поефикасно причините за миграцијата во самиот извор. Можеби единствениот неуспех кој повеќе се истакнува од одбивањето на земјите членки да поддржат такви реформи, е нивниот сопствен неуспех да делуваат, и не само заради тоа што тоа создаде правен вакуум кои сега го пополнуваат ксенофобичните популисти.
Заради слабостите во надворешната политика, Европа има само мало влијание на војните и конфликтите кои дивеат во Африка и на Блискиот исток (иако нејзиното влијание колку и да е мало, треба да се искористи и развива). Сепак, Западниот Балкан е друга приказна. Хрватска е веќе членка на ЕУ, Црна Гора и Србија почнаа преговори за членство, Албанија и Македонија се кандидатки за пристапување, а Босна и Херцеговина и Косово се потенцијални кандидатки. Тука ЕУ има големо влијание.
Зошто ЕУ не се вклучува повеќе во Западниот Балкан, останува тајна на Европската комисија и на земјите членки. Сепак, апсурдниот резултат е што граѓаните на земјите кандидатки за ЕУ се предмет на процедури за азил, заради тоа што за нив не постои легална имиграција во ЕУ.

Еден посебен случај е оној со Ромите, големо малцинство во Западен Балкан, чии членови често се соочуваат со силна дискриминација. Ова е сеевропски проблем. Ромите непропорционално страдаат уште со паѓањето на комунизмот во 1989 година, затоа што тие воглавно работеа во индустриите за кои не беа потребни вештини, и кои први беа укинати. Иако многу од нив – сегашни или идни европски граѓани – пропаднаа во длабока сиромаштија. Кон нив продолжува скандалозната дискриминацијата во цела Европа, а ЕУ и нејзините држави членки и земјите кандидати, мора да се справат со тоа.
Бегалската криза ова лето на површина исфрли уште еден – многу поголем – структурен проблем во Европа: демографијата. Како што старее и се намалува европското население, на континентот итно му е потребна миграцијата. Иако многу Европејци силно се спротивставуваат на имиграцијата, затоа што тоа исто значи и социјални промени.
На долг рок, законодавците треба на своите граѓани ќе треба да им објаснат дека нема да можат да имаат економски просперитет, високо ниво на социјална безбедност и население во кое пензионерите стануваат се поголем товар врз социјалната актива. Европската работна сила мора да порасне, што е само уште една причина зошто Европејците треба да престанат да ги третираат имигрантите како закана, и да почнат да ги гледаат како шанса.
Јошка Фишер е германски политичар и поранешен министер за надворешни работи на Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


