Шверцерите на бегалци и на емигранти во моментот сè повеќе ја користат маршрутата преку Македонија, Србија и Унгарија до Австрија, отколку преку Средоземно Море, покажуваат резултатите на агенцијата ФРОНТЕКС.

Од јануари до јули годинава 102.342 луѓе влегле во Австрија преку Западен Балкан, што е за околу 10.000 лица повеќе од тие што влегле во Европа преку маршрутата на „централен Медитеран“.
Една третина од 130 тековни истраги на Европол за трговија луѓе се поврзани со криминални групи што изворно настанале поради шверц на дрога, перење пари и продажба на девојки како сексуални робинки.
ФРОНТЕКС соопшти дека идентификувала 3.000 „сериозни играчи“ поврзани со трговијата на луѓе во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


