| четврток, 6 декември 2018 |

Се засилува линијата „Ало докторе“

alo-doktoreee500
Од утре линијата за медицински совет ќе биде засилена со тројца нови специјалисти, така што 25 доктори вкупно ќе се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ досега се остварени вкупно 49.619 повици од нив 1.205 повици за медицински совет се реализирани во текот на изминатите седум дена.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Повиците се со широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус, алергиски реакции и симптомна болка.

На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата што редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top