
Шампионот на Франција тимот на ПСЖ продолжува со победите во националното првенство и е единствената екипа со максимален учинок по четвртото коло. ПСЖ синоќа славеше победа на гостувањето кај Монако со 3:0, а трите голови гостинските играчи ги постигнаа во вториот дел.
Најпрвин мрежата ја затресе Единсон Кавани во 57 и 73.минута, конечните 3:0 ги постави Езекиел Лавеци во 83.минута откако неколку минути претходно го замени Златан Ибрахимовиќ.
На овој дуел свое деби во дресот на ПСЖ имаше и новото засилување аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија, кој во игра влезе во 66.минута.
Резултати од 4.коло од Лига 1:
Монако – ПСЖ 0:3,
Бордо – Нант 2:0,
Сент Етиен – Бастија 2:1,
Анже – Ница 1:1,
Лил – Ајачио 1:0,
Ремс – Лориен 4:1,
Рен – Тулуз 3:1,
Троа – Монпеље 0:0,
Каен – Олимпик Лион 0:4,
Генгамп – Олимпик Марсеј 2:0.
Табела:
ПСЖ 12 бода,
Ремс 9,
Рен 9,
Анже 8,
Олимпик Лион 7,
Бастија 7,
Сент Етиен 7,
Нант 7,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


