
Србија, до крајот на годината, во јавните служби би требала да има околу 30.000 помалку вработени како резултат на двегодишната рационализација, соопшти српската министерка за државна управа и локална самоуправа Кори Удовички.
– Рационализацијата трае веќе две години, бидејќи во сила е забраната за вработување (во јавна служба). До крајот на оваа година ќе имаме околу 30.000 помалку вработени во државната служба. Значи, помалку од тие што работат во областа на културата, образованието, здравството, во тоа што се нарекува држава, а не јавни претпријатија – објасни Удовички за РТС.
Локалните управи низ Србија ќе добијат од Министерството квоти со максимален број вработени што можат да ги имаат, а за отпремнини во буџетот се обезбедени околу 42 милиони евра.
Удовички најави дека со рационализацијата во јавните служби ќе се почне кон средината на септември, а по првиот круг ќе се анализара во кои сектори недостигаат кадри.
Таа најави дека поради недостигот од лекари, новите вработувања во здравството ќе почнат кон крајот на годината.
Удовички најави и укинување на одделни државни агенции и спојување на тие што се занимаваат со сродна проблематика во една агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


