| четврток, 6 декември 2018 |

Австралија ја повика Европа да ја нападне ИД

islamska drzava mudzahedini
Шефицата на австралиската дипломатија Џули Бишоп изјави дека поголем број европски држави треба да се вклучат во воздушните напади врз Исламска држава во Ирак и во Сирија, за да се надмине бегалската криза.

Таа во интервју за австралискиот весник „Острелијан“ истакна дека европските држави можат да дејствуват за прекин на бегалската криза со глобални размери, ако ги бомбардираат терористите од ИД, кои уништуваат цели држави и предизвикуваат раселување на огромен број луѓе.

– Соседите на Ирак и на Сирија, како Либан, Јордан и другите земји го преземаат товарот на милиони луѓе, кои ги преминуваат нивните граници на пат кон Европа. Затоа сметам дека Европејците треба да се вклучат во коалицијата, која изведува воздушни напади во Сирија и во Ирак, потенцира Бишоп додавајќи оти властите во Дамаск и во Багдад немаат никаква власт врз териториите заземени од ИД.

Австралиската Влада во текот на неделата ќе го разгледуваат барањето на САД за вклучување во антитерористичката коалиција и во Ирак.

Австралија сега учествува во военовоздухопловните сили на коалицијата со шест авиони ловци, со транспортни авиони, авиони танкери и со 200 инструктори во Ирак.

Во коалицијата против ИД во Ирак учествуваат над 20 држави, меѓу кои Австралија, Белгија, Велика Британија, Данска, Италија, Јордан, Канада, Катар, Мароко, Обединети Арапски емирати, Саудиска Аеабија, Турција, Франција, Холандија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top