| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки со победа над Подравка се пласираа во финале

zrk vardar
Ракометарките на ЖРК Вардар обезбедија место во финалето на премиерното издание на „Вардар 2015“ откако вечерва со 25:19 ја совладаа Подравка. Вардарки имаа успешно и прво полувреме. Највисоките шест позитива македонскиот првак ги направи пред да замине на краток одмор (15-9).

Новото засилување, српската интернационалка Сања Дамњановиќ мина најмногу време на теренот и беше стрелец на седум погодоци на овој меч. Пет гола постигна Дембеле, а Андреа Лекиќ не настапи на оваа средба.
Кај Подравка најефикасна беше Франовиќ. Утре Вардар е слободен, а Подравка и Лајпциг ќе играат за второто место во групата А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top