Со триумфот од 37-25 над Лајпциг, ракометарките на Вардар уште во првото коло од А групата на турнирот „Вардар 2015″ покажаа дека формата оди во нагорна линија и дека домаќинките се главен фаворит за финалето и освојувањето на пехарот.
Натпреварот Вардарки го почнава фуриозно, со водство од 5-1 веќе по осум минути играње. Лајпциг направи серија од 2-0, а македонскиот клуб веднаш возврати со иста мерка. Гостинскиот тренер побара тајм аут, но советите не им помогнаа многу на Германките. Вардар продолжи со одличната игра, голманката Лејно беше во својата препознатлива форма, а разновидноста во играта во нападот придонесе и постигнување на голови од различни позиции. Сепак главен виновник беше Лејно која имаше 13 успешни одбрани во првото полувреме, овозможувајќи му на нападот лесно да реализира, да ја има потребната самодоверба. Водството полека се зголемуваше, и во 26 минута првпат беше „плус 7“ за 16-9, а со таа разлика се замина и на одмор.
Во отсуство на Јованка Радичевиќ, контрата на Вардар функционираше подеднакво беспрекорно. Олга Черноиваненко беше речиси перфектна, и од својата позиција од десно крило.
Барбара Лазовиќ прва ја „начна десетката“ за двоцифрена предност на Вардар од 21-11 во 35 минута. Веќе се беше полесно, и играта во напад и одбрана. Лејно продолжи да брани, па сега собра осум топки, а во нападот шанса доби и Ихнева, Човиќ и Грбиќ. Победата беше осигурана, а највисокото водство Вардар го имаше во 52 минута кога имаше предност од „плус 14“ гола за водство од 33-19. Веќе се беше јасно, па дојде и мало опуштање, но двоцифрената предност беше задржана.
Во следното коло Вардар утре ќе игра со Подравка, од 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст