
Тренерот на КК „Партизан„ Душко Вујошевиќ- Дуле денеска имал сообраќајна несреќа на Нов Белград, информира српски Курир.Сообраќајката се случила на булеварот Михајло Пупин близу Трговски центар Ушче.
Според првичните информации, несреќата се случила кога Вујошевиќ, кој возел автомобил марка BMW X3 и се движел од правец на Бранковиот мост, удрил во патнички автомобил, кој се движел по улицата, но доаѓал од правецот на Трговски центар Ушче. Несреќата се случила на раскрсница.
Ова не е прва сообраќајка во која учествувал кошаркарскиот тренер на Партизан. Вујошевиќ на крајот од јуни минатата година имаше сообраќајна несреќа во која тој помина без никакви повреди.
Несреќата се случила кога џипот кој го возел тренерот на Партизан налетал на трамвај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


