| четврток, 6 декември 2018 |

Вонреден состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ посветен на кризата со имигрантите

Cientos de refugiados entran en Macedonia en su camino hacia centro de Europa

Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија ќе се состанат на 14 септември во Луксембург на вонреден состанок, посветен на кризата со мигрантите, објави на налогот на Твитер претседателството на ЕУ.

Во соопштението се вели дека Луксембург, кој е ротациски претседател на Унијата ја свикува средбата со цел да бидат зајакнати мерките како одговор на кризата.

Министрите за внатрешни работи на Франција, Велика Британија и Германија, Бербар Казанов, Тереза Меј и Томас де Мезиер повикаа претходно денеска за итна средба на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од Европската унија поради кризата со мигрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top