
Објавени резултатите за сместување во студентските домови. Од вкупно 6.058 легла, 4.848 се наменети за сместување на оние од повисоките години додека 1.210 за бруцошите.
Резултатите и рангирањата се објавени на официјалната интернет страница на Министерството за образование и наука.
Распределбата на леглата, се врши согласно Законот за студентски стандард, според кој студентите се делат на три категории:
Во првата, опфатени се оние од ранливите категории, односно од семејства чиишто вкупни приходи не ја надминуваат нето минималната плата. Опфатноста на оваа категорија на студенти, кои имаат предност при сместувањето е до 40 проценти од вкупниот број на легла во домовите. Втората категорија се студенти кои постигнале особено висок успех во учењето. Опфатноста на оваа категорија е до 25 проценти од вкупниот број на легла во домовите. Третата категорија се студенти коишто не се опфатени во претходните две категории, за кои ќе се распределат до 35 проценти од вкупниот број на легла во домовите
За студентите на државните универзитети академската година започнува на 15-ти септември, запишувањето е во два рока – во август и во септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


