| четврток, 6 декември 2018 |

Аутопсијата покажа – Имигрантите во камионот во Австрија починале од задушување

камион
Аутопсијата на дел од телата на 71 имигрант пронајдени во оставен камион на автопат во Австрија покажуваат дека тие починале од задушување, соопшти денеска австриската полиција.

Женско бебе и три други деца се меѓу мртвите имигранти, за кои се смета дека се од Сирија и Авганистан.

Двајца патолози работат деноноќно и досега извршиле аутопсија на 16 тела.

– Се уште го чекаме конечниот извештај, но првичните резултати докажуваат дека станува збор за задушување, изјави портпаролот на полицијата во провинцијата Бургенланд, каде е откриен камионот.

Тој истакна дека бегалците биле сместени во задниот дел од камионот, при што на метар квадратен биле сместени по пет лица.

Претходно денеска унгарската полиција соопшти дека е уапсен петти осомничен за случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top