| четврток, 6 декември 2018 |

Криси Хајдн: Жените кои носат високи потпетици ги поттикнуваат силувачите

cevli1Рок ѕвездата Криси Хајдн тврди дека силувањето, кое го преживеала како девојка било „нејзина вина“ и оцени дека жените „мора да ја преземат одговорноста доколку провокативно се облекуваат“.

Нејзините коментари предизвикаа во британската јавност нова дебата за „улогата“ на жената во сексуалните напади, а Хајдн тврди дека не може да обвини никого поради тоа што била силувана од моторџиска банда.

Во интервју за „Сандеј тајмс“, кое го даде по повод излегувањето на автобиографијата „Reckless“, пејачката на бендот „The Pretenders“ изјави дека жените требаа да очекуваат несакано внимание, доколку се однесуваат на одреден начин или носат одреден вид на облека.

– Ако шетам и пристојно сум облечена и ја гледам својата работа, а некој ме нападне, тогаш можам да кажам дека тоа е негова вина. Но доколку сум нападна и се вадам на виделина, доколку сум провокативна, тогаш предизвикувам некого, кој веќе нема инхибиции. Немој тоа да го правиш. Тоа е навистина здрав разум!, вели Хајдн.

– Доколку не сакаш да го предизвикаш непријателот немој да носиш високи штикли, бидејќи во нив не можеш да му побегнеш. Доколку носиш нешто што вреска „дојди и из… ме, тогаш биди сигурна на своите нозе. Мислам дека сега не зборувам ништо контроверзно, додаде таа.

Хајдн алудираше на поглавјето од својата автобиографија, каде пишува како мотоциклистичка банда од Охајо ја силувала кога имала 21 година и кога користела дроги. Хајдн го прифатила повикот за забава, но наместо тоа е одвезена во напуштена куќа, каде е принудувана на секс.

Музичарката, која живее во Лондон, на критиките на феминистките одговори дека многу жени, кои себе се нарекуваат феминистки всушност тоа не се. Таа како пример ги издвоила современите поп ѕвезди, кои како што рече се облечени како порно ѕвезди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top