| четврток, 6 декември 2018 |

Триесет и шест цивили загинаа во операција на меѓународната коалиција во Јемен

јемен

Во воздушен напад на меѓународната коалиција, предводена од Саудиска Арабија во Јемен загинаа над 30 цивили, вработени во фабрика за шишиња во северниот дел на земјата.

Досега од урнатините на фабриката во провинцијата Хаџа се извадени 36 тела на работници, а повеќето од нив се изгорени.

Коалицијата извршува напади во Јемен од март и со тоа им помага на властите во нивната борба против шиитите Хути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top