
Граѓаните се обидуваат сѐ и сешто. Во последниот извештај на Царинската управа биле пронајдени дури и невестински фустани.
Фустаните, вкупно 14, биле одземени од албански државјанин, кој патувал со турски автобус кога се пријавил за влез во државава на граничниот премин „Богородица“. Фустаните биле најдени во петте патни торби на Албанецот.
Царината заплени и две сребрени плочки со вкупна тежина од 295 грама при контрола на бугарски минибус што сообраќал на линија Софија – Струмица. Плочките биле пронајдени на подот под последните седиште, а биле завиткани во ткаенина, а потоа во хартија. Против возачот, бугарски државјанин, е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.
Царината запленила и 1.250 кутии цигари, два гасни пиштоли и шест гасни куршуми, повеќе од 300 текстилни производи, 492 модни додатоци, 95 резервни делови за градежни машини и автоделови, 89 пакувања додатоци на исхрана и 38 козметички производи.
На граничниот премин „Деве Баир“ царинците заплениле 9.250 евра, кои се откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој како патник во македонски автомобил се пријавил за излез од државата. Тој, всушност, носел 11.250 евра, а цариниците му вратиле 2.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


