| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедист загина во сообраќајка на излезот од Струга

policijaЕдно лице го загуби животот во сообраќајна незгода, што попладнево се случи на магистралниот пат Струга – Ќафасан.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека незгодата се случила во 15 часот и 45 минути на излезот од Струга.

– Во незгодата учествувале патничко моторно возило „шевролет спарк“ и велосипедист. Велосипедистот веднаш бил пренесен во струшката Општа болница, каде им подлегнал на поврдите, изјави Димоски, посочувајќи дека идентитетот на лицето сеуште не е познат.

Екипа составена од јавен обвинител и полициски службеници вршат увид на местото, а истрагата треба да ги утврди причините за незгодата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top