Праксата на некои европски земји да прифаќаат многу помал број мигранти го претвори Средоземно Море во масовна гробница и предизвикува ужасни сцени на границите, изјави денеска претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
Тој наведе дека европските влади кои се спротиставуваат на предлозите на Брисел за заеднички план за бегалците можат повеќе да направат за да се стави крај на кризата.
– Ние не се соочуваме со пропуст на Европската унија туку со впечатлив пропуст на некои влади, кои не сакаат да преземат одговорност и со тоа го спречуваат донесувањето на заедничкото европско решение, посочи Шулц за германскиот весник „Велт“.
Тој додаде дека некои земји-членки на ЕУ „конечно ќе мораат да ги отстранат барикадите и да стават крај на оваа нечесна игра“.
Но, Шулц не именува ниту една земја.
– Ова актуелна бегалска криза покажува што се случува кога Европа не е доволно Европа. Средоземно Море станува масовна гробница, на границите се гледаат ужасни сцени, сите ги обвинуваат другите, а тие на кои им е најпотребна помош и кои бараат наша заштита остануваат без никаква помош, потенцира претседателот на ЕК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти