| четврток, 6 декември 2018 |

Се санира патот Центар Жупа – Новак

patСо забрзана динамика се одвиваат работите за санација на ударните дупки на патниот правец Центар Жупа – Новак. Во реализација на оваа активност, која почна неколку дена по посетата на премиерот Никола Груевски на овој крај, се ангажирани вработени и механизација на ЈП „Македонија пат“.

– Патот е многу оштетен, има доста работа, но, максимално сме ангажирани со луѓе и механизација. Се надеваме дека работата ќе ја завршиме до средината на неделава што следува. Многуте ударни дупки ги чистиме и потоа ставаме асфалтна маса, во просек дневно по 20 тони, изјави Астрит Чутра, раководител на дебарската секција на ЈП „Македонија пат“.

Патот е во должина од десеттина километри, а со центарот на општината ги поврзува дванаесеттината села од областа Горна Жупа. Во интерес на безбедноста на сообраќајот се санира целиот патен правец од Центар Жупа до селото Новак.

– Многу сме благодарни како локална власт, а секако и жителите кои секојдневно минуваат по овој пат кој е изграден пред повеќе од две децении. Ова ќе придонесе и туристите кои сакаат да ја посетат Спомен куќата на таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, која се наоѓа во селото Коџаџик, да не се премислуваат поради лошиот пат, истакна Фјорим Вејселовски од Секторот за урбанизам при општина Центар Жупа.

gruevski centar zupaЖителите од оваа рурална општина се повеќе од задоволни и од најавата дека од октомври почнува и реконструкцијата на патот Мелнички Мост – Центар Жупа, кој е крак од регионалниот пат Дебар-Маврово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top