| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски пливач води на маратонот во Охрид

Групата од осум, девет пливачи што ја предводи трката се наоѓа некаде на потегот меѓу автокампот „Градиште“ и хотелот „Десарет“.

Инаку, групата на чело на трката веќе се издвои од останатите пливачи, кои се со заостанување од повеќе од еден километар.

Засега не е регистрирано ниту едно откажување, односно во трка се сите дваесет пријавени пливачи.

Временските услови веќе не се идеални како што беше на стартот. Дува умерен ветар од северен правец што значително им ја отежнува работата на маратонците. Во вакви услови нема шанси да биде соборен рекордот на трката, што пред две години го постави францускиот пливач Аксел Рејмонд, кој патеката ја исплива за 5:09:54(95) часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top