| четврток, 6 декември 2018 |

Вашето хоби како извор на пари

Работата ви е здодевна, тешка и недоволно платена… Осмислете го своето слободно време и правете го она што го сакате, бидејќи така животот ќе ви стане побогат во секој поглед.

sleeping-at-work1

Умствена дејност Постојат многу видови на хоби – собирање салфетки, сликање, дизајн, јавање, изработување макети…Ваквата активност ја исполнува и ја лекува душата, а научниците тврдат дека го лекува и телото. Хобито не го стимулира само делот на мозокот што е „задолжен“, туку и ја подобруваат концентрацијата, ги поттикнуваат мислењето и креативноста, со што се обновува потребната енергија за извршување на оние помалку пријатни задачи. Исто така, кога го работите она што го сакате, мозокот ги лачи ензимите на доброто расположение, што позитивни влијаат на севкупната психофизичка состојба на организмот, со што полесно доаѓате до нови идеи.

Можен профит Фактите зборуваат дека многу луѓе заработуваат од своето хоби (одгледување расни коњи или дизајнирање на разни предмети). Не дозволувајте да ве зароби секојдневието и ѕирнете во себе во потрага по уметнички талент. Бидете креативни, вооружете се со идеи…и профитирајте!

ФАКТ 50% новонастанати бизниси во Европа доживуваат неуспех во првите пет години, а тоа е последица на фактот што 70% малосопственици не се доволно подготвени за работата. 90% пред да започнат со приватниот бизнис не ги тестираат своите идеи од аспект на пазарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top