Еден од најдобрите тенисери во светот Рафаел Надал не ги заборави детските игри на својот колега Киргиос и одби да игра хуманитарен меч со него.
Хуманитарниот натпревар требаше да се одигра во Сиднеј, но одби да се појави на терените токму поради неодамнешните случувања што ги направи Австралијанецот во односот со Станислас Вавринка.
– Тој згреши и мора да го смени неговото однесување. Тоа е потребно доколку сака да биде дел од светот на тенисот – прокоментира Надал.
Киргиос на мастерсот во Монтреал јавно ја навреди девојката на Стен Вавринка, Дона Векиќ. Подоцна, АТП го казни со 25.000 долари, како и со условна казна за забрана за настап во рок од четири недели доколку се повтори сличен инцидент во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.