Течно чита на македонски и на англиски јазик, со невидена леснотија и логички множи двоцифрени броеви, вешто ракува со компјутер, а има само четири години и 10 месеци. Кристијан Арсов од Велес е чудо од дете, постојано во потрага по нови информации и со натпросечна интелегенција. Наместо годинава да седи дома, Кристијан сака да седне во училишна клупа. За него родителите побарале стручна помош се консултирале со педагози и психолози. Поднеле и барање до министерството за образование, да го запишат Кристијан во прво одделение. Но од таму се уште не добиле одговор, иако за неколку дена почнува учебната година, пишува порталот Дума.мк.
„На Кристијан му правеа тестирања во основното училиште Васил Главинов и тој покажа високи резултати. Психологот на училиштето предложи Кристијан да почне да оди на училиште една година порано. Поднесовме барање до министерството за образование во кое се наведени сите резултати што ги постигна на тестирањата, но еве се уште немаме одговор, а школската година за ќетири дена ќе започне. Јас и татко му навистина не знаеме што да правиме со него”, изјавила за Дума мајката на Кристијан, Борка Југова Арсова.
Натпросечни знаења, Кристијан покажа на две годишна возраст. Уште тогаш почна самоиницијативно да чита, да истражува и да експериментира. Секогаш неуморен и „гладен” за нови работи, тој се издвојува од неговите врсници. Но Кристијан нема каде да ги развива своите вештини, знаења и способности. Во Македонија не постои центар за деца со натпросечна интелегенција.
„Ако министерството не одобри Кристијан да го запишеме во прво одделение, не знам што ќе правиме. Тоа ќе биде тапкање во место, губење време и уште една изгубена година. За жал во Македонија нема програма за деца со натпросечна интелегенција”, рече Борка.
Ако Кристијан не успее годинава да стане првооделенец, тој ќе мора да продолжи сам да учи и да ги развива своите натпросечни способности. Тоа повторно ќе им создаде проблеми на родителите бидејќи не знаат како сами да ја развиваат и насочуваат интелегенцијата на малиот македонски Вундеркид.
Натпросечните способности на Кристијан ги потврдија и бројни експерти во земјава, меѓу кои и психијатарот Вера Цуракова. Пред две години за Кристијан пишува медиуми и ја пренесоа информацијата за способностите на тригодишното дете, но до денеска државата не покажа интерес да му помогне на семејството.
Ниту една институција не ги покани Арсови и не го стави малиот Кристијан за посебна програма за да го тестира и со резултатите да се пофали пред светот. Родителите засега сами не успеваат да го пронајдат вистинскиот пат по кој треба да се изоди за да покажат колку знаење има во нивниот единствен син.
Разочарана од ситуацијата во која се наоѓаат, денеска, Борка вели дека би сторила се за да го спаси од средината во која Кристијан расте, единствено незапоставен од семејството кое плаќа курсеви и приватни школи само да му овозможи на детето да не застане таму каде што почна.
„Сите буквално сите од професорите по англиски и компјутери до психолози и педагози каде до сега го однесов ми велат дека неговата интелегенција е надпросечна. Кристијан знае информации кои не се својствени за неговата воздраст. Тој не се дели од лаптопот и од „Гугл”, од книгите и тетратките. Му треба помош но ние сме немоќни да му ја обезбедиме. не познаваме луѓе кои ќе ни кажат како да стигнеме до европските институти каде можеме да добиеме потврда за неговата надпросечна интелегенција,” рече Борка.
Сепак таа не може да се помири ни со состобата во која ниту по три месеци министерствотоза образование не се изјаснило дали Кристијан ќе може да тргне на училиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст