| четврток, 6 декември 2018 |

Последните твитови на ѕвездите кои веќе не се меѓу нас

Семејствата на познатите ѕвезди кои прерано го напуштија овој свет, одлучиле да ги задржат нивните профили на социјалните мрежи, а нивните последни објави зборуваат доста за нив. Некои се духовити, некои бесмислени, некои тажни…

Ејми Вајнхаус

ejmi vajnhaus
„Оинка оинка оинка зошто сте будни“, е последната порака на Ејми Вајнхаус на Твитер која е објавена на 21 јули 2011. Само два дена подоцна 27-годишната пејачка почина. Истовремено, тоа е првиот твит кој таа го објавила од февруари истата година. Отприлика во истото време отишла на рехабилитација, а вистинското значење на овие чудни зборови никогаш не се откриени.

Кори Монтит

kori
Неочекуваната смрт на младиот глумец многумина шокираше. Помалку од 24 часа пред да се предозира со наркотиви, ѕвездата на серијата „Glee“ објавил духовита реакција за филмот „Sharkanado“: „О, тоа е ајкула и торнадо.“

Пол Вокер

pol voker
Глумецот кој загина во сообраќајна несреќа, во последниот твит го промовирал филмот „Furious 7“ и напиша: „Момците се враќаат. Ќе бидете ли подготвени?“

Робин Вилијамс

robin-vilijams-1429727968-57700
Тој си го одзеде животот во 63 година. Неговиот последен твит е оној со кој и го честиташе роденденот на неговата ќерка:

– Среќен роденден за госпоѓица Зелда Реј Вилијамс. Денеска полниш четврт век, но секогаш за мене ќе бидеш моето мало девојче. Те сакам!

Пораката е објавена на 31. јули 2014, а на 11 август тој се уби.

Ленард Нимој

lenard
Познатиот Спок од серијалот „Ѕвездени стази“ оставил преубава порака на својот профил.

– Животот е како градина. Совршени моменти можат да постојат, но нема да бидат сочувани, освен во сеќавањето – напишал тој, заедно со акронимот LLAP, односно „Live long and prosper“ (Живеј долго и успешно), славниот поздрав од серијата. Овие зборови се напишани на 22 февруари 2015, а тој почина пет дена подоцна.

Рива Стинкамп

reeva-steenkamp-foto-ap_ff
Јужноафриканската манекенка пред да ја убие нејзиното момче Оскар Писторијус, воочи Свети Валентајн, ја напишала на Твитер оваа порака:

– Што криеш во ракавот за својата љубов за утре?

Притоа мислела на Денот на вљубените за кој на крајот излезе дека ќе биде последен ден во нејзиниот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top