
Австриската полиција се сомнева дека бугарско-унгарска криминална мрежа за пренесување бегалци стои зад смртта на 71 имигрант, откриени во камион на австриската магистрала, изјави Ханс Петер Доскоцил, началник на полицијата во провинцијата Бургенланд.
Доксоцил истакна дека полицијата уапсила бугарски државјанин со либиско потекло, кој бил сопственик на камионот, уште еден Бугарин и маж со унгарски документи, кои најверојатно биле возачи на камионот.
Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микел Лајтнер и претставници на полицијата денеска одржаа прес-конференција во Ајзенштат, главен град на Бургенланд, каде вчера беше откриен камионот со телата на 71 мигрант, од кои 59 мажи, осум жени и четири деца, вклучувајќи и двегодишно девојче.
На прес-конференцијата беше посочено дека жртвите најверојатно починале од задушување пред да влезат на територијата на Австрија, а конечен заклучок за ова се чека од експертите по судска медицина.
Потврдено беше дека камионот ладилник бил оставен на лентата за хаварии на магистралниот пат А4, најмалку 24 часа, пред да биде откриен.
Се препотставува дека поголемиот дел од починатите имигранти се Сиријци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


