| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем пазаруваше во Леверкузен

totenhem
Досегашниот фудбалер на Баер Леверкузен Сон Хеунг Мин потпиша договор со Тотенхем до 2020 година, јавија британските медиуми.

Јужно-кореецот дојде во Баер од Хамбург во 2013 г. и одигра 87 натпревари постигнувајќи 29 голови.

Би-Би-Си пренесе дека договорот со 23-годишниот напаѓач е постигнат и само се чека неговата работна дозвола.

– Се радувам што ќе заиграм во Англија едвај чекам да настапам пред навивачите на Тотенхем. Сакам да играм храбро, изјави Сон.

За репрезентацијата на Јужна Кореа има одиграно 44 натпревари и постигнал 11 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top