Чешка засега нема информација дека се приближува бран на бегалци од Србија и Македонија. А ако оваа ситуација се случи, ќе организираме вонредно сместување за 300 луѓе во Јужноморавскио регион.
Ова го изјави чешкиот министер за внатрешни работи по состанокот на безбедносните сили додавајќи дека засега се доволни постојните подобрени контроли за бегалците.
Хованец додаде дека доколку е потребно ќе бидат обезбедени дополнителни капацитети и ќе се создаде повеќе простор за престој на пример во шатори, јави дописникот на МИА.
Според Хованец, не е потребно да бидат зголемени мерките на претпазливост заради најновиот случај на наоѓање на 70 мртви бегалци во напуштен камион на австриската граница со Унгарија. Претседателот на Чешката Влада Бохуслав Соботка пак препорача државите да обрнат внимание на контролата на камионите кои поминуваат низ границата каде има силен притисок од мигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст