| четврток, 6 декември 2018 |

Жените полесно ја менуваат сексуалноста

Sex-woman1Жените полесно ќе прифатат бисексуални односи од мажите, покажува новото истражување, во кое од 9000 испитаници, жените најчесто се изјаснувале како „претежно хетеросексуалки“.

Исто така, резултатите докажале дека жените почесто менуваат мислење за својата сексуалност. За разлика од нив, мажите се изјаснуваат или како „стопостотни хетеросексуалци“ или како „стопостотни хомосексуалци“.

-Ова може да значи дека женската сексуалност е пофлексибилна и поприлагодлива од машката- вели првата жена на проектот Елизабет Меклинток.

Истражувањето е спроведено откако голем број на познати женски лица јавно се изјаснија како бисексуалки. Меѓу нив се и Анџелина Џоли, Кара Делевињ и Амбер.

Во истражувањето е опфатен сексуалниот живот на 5000 жени и на 4000 мажи од нивните младешки до доцни дваесетти години. Интересен факт од истражувањето е резултатот дека младите мајки се изјаснуваат како хетеросексуалки во своите дваесетти години, а неколку години подоцна се изјаснуваат како бисексуалки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top