Народната банка ја олабавува монетарната политика. На својата последна седница, Советот на НБРМ одлучи да ги ослободи деловните банки од обврската за плаќање на задолжителна резерва за депозитите на физичките лица во домашна валута со рочност поголема од една година.
Тоа значи дека централната банка очекува преку намалување на трошоците, комерцијалните банки да понудат повеќе и поатрактивни можности за штедење со поповолни каматни стапки, потег што треба да резултира со зголемување на штедењето на подолг период во домашна валута. Поттикнувањето на штедењето ќе им овозможи на банките да акумулираат повеќе пари кои би ги пласирале како кредити за граѓаните и фирмите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.