| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено прогласување на новиот градоначалник на општина Дојран, Борче Стамов

На 30 март, со почеток во 12 часот, од страна на Општинската изборна комисија – Дојран се одржа свечено прогласување и доделување на уверениjа за новоизбраниот градоначалник на општина Дојран, Борче Стамов и на 9-те члена на новиот Совет на општина Дојран

borce stamov

Според резултатите од локалните избори 2013, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Стамов, ја освои довербата на дојрани за градоначалнички мандат, а во Советот од  девет члена, шест се од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а три на коалицијата на СДСМ.

stamov

Нови советници се  Ташко Дуљанов, Панче Мазнов, Милена Ризова, Ердал Идризов, Босилка Тодорова и Јован Гогов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а од СДСМ се Урош Тасиќ, Теодора Каракашева и Доне Танев.

Претседателот и челновите на ОИК Дојран им посакаа многу успех и паметно раководење во наредниот четиригодишен мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top