По вчерашната ждрепка за групите од Лигата на шампионите која се одржа во Нион, најголемите светски обложувалници ги објавија и коефициентите за најголемите фаворити за освојување на овогодишеното натпреварување.
Сосема очекувано бранителот на титулата Барселона има најмал коефициент кој изнесува 2,75.
Сепак мора да се има предвид дека ниту еден клуб од 1990 година наваму не успеал да ја одбрани титулата, па поради тоа и на каталонскиот гигант ќе му биде екстремно тешко да го стори тоа по цели 26 години откако му успеа на Милан.
Оваа година многу тимови имаат големи аспирации и се сериозно засилени со нови играчи, па големите гиганти се очекува да ги гледаме во самата завршница.
Зад Зад Барселона, втор фаворит е Баерн Минхен со квота 4,5, па Реал Мадрид со 5,5 и Челси со осум. Најголеми аутсајдери за титулата, со коефициент 500 се: Астана, БАТЕ, Гент, Макаби и Малме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.