

Во Спортскиот центар „Јане Сандански“ заврши машкиот дел од турнирот „Вардар“на кој домаќинот ја оправда фаворитската улога освојувајќи го првото место.
Во финалниот дуел со шведскиот шампион Кристијанштад, составот на Раул Гонзалез немаше поголеми проблеми преземајќи ја контролата од самиот стар за на крајот да се радуваат на триумф од убедливи 32:24.
Најефикасен во црвено –црниот состав беше Хорхе Македа со пет гола, а со по четири го следеа Данил Шишкарев и Лука Циндриќ.
Со победата во финалето Вардар ја освои и премијата од 15 000 евра додека Кристијанштад како второпласиран инкасираше 10 000.
Во борбата за третото место и со тоа премијата од 5000 евра се сретнаа Чеховски Медведи и Краснодар, а победникот се решаваше со пеналите откако по 60 минути игра резултатот гласеше 24:24.
Од линијата од седум метри поуспешни беа Русите освојувајќи го третото место.
Во натпреварот за петтото место вториот македонски претставник Металург загуби од хрватскиот Нексе со 24:19.
Најефикасен во составот под раководство на Лино Червар беше Никола Костески со пет и Лука Марковиќ и Марко Бувиниќ со по четири погодоци.
Возбудувањата во Спортскиот центар Јане Сандански продолжуваат со турнирот во женска конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


