| четврток, 6 декември 2018 |

На бугарско-македонската граница уапсени џихадисти од Косово, поседувале снимки со отсечени глави

bugarija
Албанци на возраст од 20 до 25 години синоќа биле уапсени во бугарското село Каменичка Скакавица во близина на Ѓуешево на границата со Македонија. Во нивните мобилни телефони биле откриени видеоснимки со отсечени глави и молитви кои ги користат џихадистите и реклама за ИД, јавуваат бугарските медиуми.

Началникот на граничната полиција во Ќустендил Васил Митовпотврдува дека се уапсени петмина странски државјани, но не изнесува повеќе детали.

Албанците патувале со автомобил, а вниманието на полицијата го привлекле кога се обиделе да ги подмитат полицајците кои ги запреле.

По приведувањето Окружното обвинителство во Ќустендил им одредило задржување од 72 часа.
Овој случај го презедоа припадниците на Бугарската државна агенција за национална безбедност, кои по сослушувањето утре ќе ги изведат Албанците пред судот во Ќустендил заради одредување притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top