| четврток, 6 декември 2018 |

Американскиот економски Нострадамус тврди: На 1. октомври еврото колабира и се распаѓа Европската Унија! (видео)

Контроверзниот американски економски аналитичар Мартин Армстронг, тврди дека на 1. октомври ќе започне голем европски економски крах: Европската Унија ќе се распадне, еврото ќе колабира, берзите ќе доживеат крах, каматите ќе пораснат – накратко, ќе се случи најголемата финансиска криза во историјата на човештвото и ќе трае 10 до 15 години!

Еве како тој го гледа редоследот на настаните: Франција ќе се крене против политичките штедења и кратења, и прва ќе го напушти тој модел, а со неа ќе тргнат и други држави од ЕУ – на крајот и Германија.

Јапонија ќе биде следната плочка од доминото која ќе падне. Капиталот ќе премине во САД и американската берза ќе профитира, но не за долго – САД наскоро ќе влезе во финансиска криза поради неможност за отплата на долговите.

Армстронг инаку го нарекуваат американски генијалец на економските прогнози и економски Нострадамус на нашето време. Тој прецизно го најавил црниот понеделник на американската берза, кога во октомври 1987. година паднале берзите од Хонг Конг преку Америка до Европа, крахот на руската рубља на 20. јули 1998. година и актуелната светска економска криза.

Колку знае да биде во право покажал и примерот со швајцарскиот франк, за кој тврдел дека ќе предизвика големи проблеми.

Најинтересно е тоа што последната драматична прогноза на 1. октомври оваа година, Марк Армстронг ја изрекол во сега веќе далечната 1999. година.

Списанието Equity’s го прогласило за најдобар северноамерикански економист, а во Јапонија биле толку воодушевени од него што го нарекле “господин јен”. Кон крајот на 90-тите ЦИА барала од него да им го објасни методот преку кој ги предвидува кризите, но Армстронг ги одбил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top