Годинава на „Струшките вечери на поезијата“ по јубилеен педесетти пат ќе биде врачен „Златниот венец“. Според директорот на Фестивалот, Мите Стефоски, меѓу имињата на сите 50 досегашни добитници на „Златниот венец“, нема ниту едно случајно кое се нашло на листата.
– Навистина е чест на македонски да биде претставено творештвото на еден од најзначајните претставници на т.н загадочна школа на поезијата. Една група кинески поети кои во 70-тите почнуваат со трагање по нов поетски јазик во ракмите на кинеската поетска традиција. Поезијата на Беи Дао, токму заради универзалните врадности ги содржи сите предуслови за да биде наградена со едно вакво престижно признание како што е „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, нагласи Стефоски.
Творештвото на Беи Дао кое ќе биде претставено и славено во рамките на СВП, е единствениот и највисокиот критериум за кое годинашниот лауреат е награден. Нашата автономност во однос на донесувањето такви одлуки никогаш досега не била доведена во прашање, ниту тоа ќе се случи од сега. Оттаму извира и реномето на самата награда во интернационални рамки, истакна Стефоски.
– Обврската на македонскиот јазик и на струшкиот поетски фестивал да ги награди врвните светски поети, и тоа најзначајните во втората половина на 20-от и почетокот на 21-от век, е малку нелагодна и сигурно многу одговорна. Сите современи класици на 20 и почетокот на 21 век се нашле на таа листа за наградата која секогаш била доделувана за врвни естетски и уметнички достигнувања. Никакви други вонлитерални влијаие или критериуми не биле замани во предвид, ниту пак политичките, рече Стефоски.
Струшките вечери на поезијата, како што подвлече претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски, во светски рамки значи за најстар фестивал кој се одржува во континуитет.
– Речиси сите светски фестивали го применуваат нашиот модел, но ја немаат магијата на „Мостови“ на истекот на реката Црн Дрим, која го прави повеличествен и побожествен. Годинашниот лауреат во светски рамки е име кое значи бидејќи е симбиоза на кинеската поетска традиција и на она што е европска или американска поетска традиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст