Првиот сериски автомобил на водород „мираи“ веќе пристигна на европскиот континент во пет примероци и со тоа, по светската премиера што ја имаше на Саемот за автомобили во Женева, во март, почна ерата на автомобили на алтернативно гориво.
„Тојота мираи“ на јапонскиот пазар се продава уште од декември 2014 година, а во Европа поголеми контингенти се очекува да пристигнат во септември и тоа на англискиот, германскиот и на данскиот пазар. Самото име на автомобилот на јапонски значи „иднина“, што значи дека „Тојота“ има намера сериозно да се занимава со производство на овој модел.
Со новиот модел „Тојота“ е во самиот врв на напредокот на технологијата и ја продолжува успешната приказна на хибридната технологија, почната
уште од моделот „приус“.
Таа е единствената фабрика во светот што со успех ја развива технологијата на водородни ќелии, благодарение на способноста и на искуството што го има по 20 години работа со ваква технологија.

„Мираи“ на големо ќе придонесе во освежувањето, зголемувањето на технолошкиот развој и во прифаќањето на водородните ќелии како алтернативен извор на енергија и, секако, во натамошното развивање инфраструктура на полначи на водород.
За таа цел, „Тојота“ планира соработка со државни и со приватни компании за да инвестираат во изградба на станици што ќе нудат полнење на резервоарите со водород.
Автомобилот со водородни ќелии со еден резервоар може да помине 500 километри, што го прави првиот модел што нуди толку голема километража со едно полнење.
Како што е објавено, првиот сериски автомобил на „Тојота“ е придвижуван од електромотор што користи енергија како резултат на хемиска реакција на водород и на кислород и ослободува моќност од 155 коњски сили, што овозможува забрзување од 100 километри на час за девет секунди.

Секој сопственик на „тојота мираи“ во Европа ќе располага со бесплатно гориво за период од три години и ќе има пристап до сервисни услуги 24/7 на трошок на фирмата, исто така, во траење од три години. Што се однесува до гаранцијата, таа е осум години или 150.000 километри.
„Тојота“ очекува солидна продажба во Европа бидејќи „мираи“ е со нула емисија на штетни гасови, затоа што при согорување на водород се добива водеа пареа. Цената на автомобилот изнесува околу 50.000 евра, во зависност од нивото на опременост на возилото.
Голема предност во однос на класичните електрични автомобили на кои изворот на енергија им е батерија, е што за да се наполни резервоарот со водород, кој е под голем притисок, ќе бидат потребни три до пет минути.
Оваа година „Тојота“ планира да произведе 700 примероци „мираи“, а во следната 2.000 автомобили. Бројката во 2017 година ќе порасне до 3.000 единици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


