| четврток, 6 декември 2018 |

Вкупно 43 лица осудени за тероризам и шверц на луѓе во Кина

кина

Вкупно 45 лица во западната кинеска провинција Ксинџијанг се осудени на затворски казни за дела, поврзани со илегално преминување на граница и тероризам, јавуваат кинеските државни медиуми.

Сите уапсен биле осомничени за „света војна“ (џихад), а меѓу злосторставата за кои се осудени се организирање и финансирање на терористички групи.

Според кинеските медиуми стотици, а веројатно и илјадници етнички ујгури барале начин да избегаат од немирите во Ксинџијанг и патувале илегално преку Југозападна Азија до Турција.

Пекинг ги обвинува исламските екстремисти за извршување на серија насилства и напади во Ксинџијанг во изминатите три години, во кои животот го загубија неколку стотици лица. Според властите голем дел од уапсените вршеле шверц на луѓе преку границата и помагале на голем број луѓе што сакале да се приклучат кон борците на ИД во Сирија и Ирак.

Само изминатите неколку дена се осудени 43 лица од разни градови на Ксинџијанг  на казни од 4 до 15 години затвор. Две лица добиле доживотни казни затвор. Обвиненијата се организирање, раководење или учество во терористички организации, финансирање на терористички групи и организирање на шверц на луѓе преку граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top