| четврток, 6 декември 2018 |

Само 8 од 90.000 азиланти би останале во Србија, 89.992 сакаат во ЕУ

652109_azilanti100815-ras-foto-vladimir-zivojinovic36_fНикој кој што влегол во Србија од Јули до сега не започнал ниту процедура за азил- посочува Владимир Цуциќ, српскиот комесар за бегалци и миграции. По предлогот на комесарката за рамноправност, која вчера предложи дека со емигрантите треба да се населат опустошените делови на Србија, оценува дека тоа е нереален предлог, бидејќи на емигрантите „не им паѓа на памет“ да останат во Србија.

-Ниеден од бегалците кои влегоа во Србија од јули не започнал ниту процедурата за азил. Тие само изразуваат намера за азил и тоа единствено за не престојуваат нелегално, ние ги упатуваме во некои од нашите прифатни центри, но тие не се ни појавуваат таму. Остануваат 72 часа, а тогаш се упатуваат кон Западна Европа- додава Цуциќ.

Тој додава дека од 90.000 регистрирани бегалци кои од почетокот на годината влегле во Србија, само осуммина изразиле намера да останат да живеат во Србија .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top