Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
– Ваше Блаженство, дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. На овој голем христијански празник го прославуваме небесното вознесение на Мајката Божја. Празнувајќи ги животот, љубовта и посветеноста на Мајката кон своето чедо, ги славиме христијанските начела и вредности за праведност, прошка, хуманост и добрина. Нејзиниот живот, нејзината големина и посветеност кон верата нека се наша водилка кон почитување на мајката која дарува живот, љубов и трпеливост. Таа нé учи да ги почитуваме своите блиски, да споделиме љубов и грижа за блиските и да дадеме помош на оние на кои најмногу им е потребна – се наведува во честитката.
Во Република Македонија, се додава, Мајката Божја е почитувана и прославувана како заштитничка на сите жени и мајки, закрилник на сите христијани. – Нејзиното успение е симбол за големината на неизмерливата вера и верба за човечност, мир и разбирање – се истакнува во честитката од претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



